ИСТОРИЈАТ

Класа, традиција и доверба – тоа се основните вредности врз кои беше основана нашата компанија. Компанијата ХТЛ Македонија ДООЕЛ, денес дел од групацијата NOVUM SWISS, долги години беше составен дел на NOVOMATIC групацијата и остана нејзин ексклузивен увозник и дистрибутер за пазарот на Македонија. NOVOMATIC AG, основана во 1980 година во Австрија по иницијатива на професорот Јохан Ф. Граф, во текот на повеќе од четири децении се разви од мала фирма во една од водечките компании во светот на игрите на среќа, присутна на глобално ниво. ХТЛ Македонија ДООЕЛ е основана во 2008-ма година и од тогаш, во текот на речиси две децении работа, стекнавме репутација на доверлив и стручeн партнер во индустријата за игри на среќа. Денес сме единствениот овластен претставник за продажба, изнајмување и сервисирање на комплетната опрема од производната програма на компанијата NOVOMATIC, обезбедувајќи со тоа врвен квалитет и сеопфатна поддршка за нашите клиенти.

ДЕЈНОСТ

Ексклузивноста, високото ниво на услуга и професионалниот менаџмент нè позиционираа како еден од лидерите на македонскиот пазар во опремата за игри на среќа. Нашата понуда ја сочинуваат најмодерни автомати и најсовремени технологии, додека секој производ на ХТЛ Македонија ја одразува доверливоста и квалитетот засновани на стандардите на NOVOMATIC. Во изминатите години значително го проширивме нашиот тим, обединувајќи експерти кои целосно се посветени на мисијата – да го претставиме брендот NOVOMATIC на најдобар можен начин и да поставиме стандарди за квалитет во индустријата на игри на среќа во Македонија. Постојаното усовршување, како и континуираната работа на подобрување во организацијата, брзината и квалитетот на услугата што ја нудиме, ни овозможија успешно да соработуваме со сите приредувачи на игри на среќа во Македонија и убедливо да го задржиме првото место кога станува збор за уделот на NOVOMATIC автоматите на нашиот пазар. Одличната соработка со сите клиенти и нивното задоволство од нашите услуги во сите области – без разлика дали се работи за продажба, изнајмување или сервисирање на автомати – е потврда за нашиот квалитет, како и за довербата во ХТЛ Македонија.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Во согласност со политиката на основачите, се придржуваме до општествената одговорност како темелен принцип во начинот на функционирање на компанијата. Преку донации и други видови помош на заедницата, присутни сме и во нашата земја и во регионот. Имаме обезбедено значителна поддршка во различни ситуации – од природни непогоди и поплави, преку разни предизвици со кои се соочуваат општеството и поединците, па сè до пандемијата во изминатите години.

ХТЛ Македонија ја поддржува мисијата за ширење на свеста и едукација за одговорен пристап кон игрите на среќа и превенција на зависност. Во таа насока, еден од приоритетите на здружението е одговорниот однос кон игрите на среќа.

НАШАТА ОПРЕМА И ТЕХНОЛОШКИ СТАНДАРДИ

Како ексклузивен дистрибутер на NOVOMATIC опрема за пазарот на Македонија, ХТЛ Македонија нуди широк асортиман на врвни производи кои ги задоволуваат највисоките технолошки стандарди во гејминг индустријата. Нашата понуда опфаќа современи слот апарати, мултигејм платформи, електронски рулети, како и иновативни софтверски решенија за управување кои водат до усовршување на корисничкото искуство.

Во соработка со NOVOMATIC – светски лидер во производството на гејминг опрема – постојано ги следиме и воведуваме најновите технолошки трендови. Нашите производи се одликуваат со висок степен на безбедност, сигурност во работењето, модуларен дизајн и врвен квалитет на изработка. Посебно внимание посветуваме и на сервисната поддршка – нудиме стручна техничка помош, редовно одржување и обука за партнерите, со што обезбедуваме долгорочна стабилност и максимална ефикасност во работењето.


Без разлика дали се работи за помал простор или големо казино, нашите производи се прилагодени на потребите на секој партнер, со целосна усогласеност на домашните и меѓународните регулативи.

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

ХТЛ Македонија со гордост настапува како овластен дистрибутер и сервисер на NOVOMATIC опремата на македонскиот пазар, со јасен фокус на испорака на технолошки напредни решенија кои ги следат современите трендови во индустријата на игри на среќа. Нашиот фокус е насочен кон разбирање и решавање на основните, како и високо технолошките барања на пазарот, со постојано тежнеење кон иновации. Мисијата на NOVOMATIC групацијата, кому сме му долгогодишен партнер, е да ја заземе улогата на трендсетер преку развој на најмодерна опрема, а нашата задача е доследно да ги пренесуваме и одржуваме тие стандарди на домашниот пазар.

ОДГОВОРНО КОЦКАЊЕ

Ние, како ХТЛ Македонија, заедно со нашите оперативни компании во Македонија, користиме еден од најмодерните системи во Европа за превенција од зависност од коцкање. Одговорното коцкање е еден од приоритетите во нашето работење. Горди сме на концептот за спречување зависност што е имплементиран во Македонија и регионот. Овој механизам обезбедува највисоко ниво на заштита на играчите, со акцент на помладата популација.