НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

Нашите вработени се нашата најголема вредност. 17 години имавме можност, како дел од компанијата NOVOMATIC, да испишеме меѓународни успешни приказни благодарение на извонредните вештини на нашите колеги, нивната посветеност и одлучност – а денес тоа го правиме како дел од NOVUM SWISS групацијата. Како единствен овластен претставник на NOVOMATIC на нашиот пазар во индустријата на технологија и игри, секогаш сме во потрага по талентирани луѓе кои се креативни и иновативни и сакаат да ја обликуваат иднината на оваа дејност кај нас. 


На нашите вработени им нудиме креативно и безбедно работно опкружување, возбудливи задачи и можности за понатамошен развој на знаењата и вештините.

NOVUM SWISS ВО МАКЕДОНИЈА

Групацијата NOVUM SWISS во Македонија ги обединува компаниите ХТЛ Македонија, Ма Гаминг, Мастербет, Адмирал Казино и Макотен, кои заедно градат препознатлив бренд и имиџ на стабилен, успешен и доверлив работодавач.

Преку заеднички развој, иновации и континуирано вложување во квалитетни луѓе, нашата групација бележи силен раст во последните 10 години. Денес вработуваме повеќе од 2.000 луѓе низ цела Македонија и продолжуваме да се развиваме динамично, со фокус на квалитет, стручност и долгорочна одржливост.

Секогаш сме во потрага по вистински луѓе, со идеи – некој што ќе ни се приклучи на ова глобално патување и ќе стане дел од победничкиот тим.

Многу добро разбираме дека успехот зависи од заедничката работа и дека квалитетот на групацијата е одреден од особините на поединците. Потребни ни се храбри и креативни луѓе, способни да ја обликуваат не само својата, туку и иднината на компанијата. Доколку чувствувате дека можете да дадете придонес и ги поседувате потребните квалитети за да станете дел од ХТЛ Македонија, ние ќе ви понудиме шанса и мотивација за успех.


Придружете ни се за заедно да градиме големи нешта!

НИЕ СМЕ ХТЛ МАКЕДОНИЈА

Компанијата не ја сочинуваат само бројки и деловни резултати – клучот на нашиот успех, пред сè, се нашите луѓе. Како дел од NOVUM SWISS групацијата, во рамки на која покрај ХТЛ Македонија во Македонија работат и брендовите Адмирал, Астра, Адмирал Казино и Казино Фламинго, ги ставаме вработените во центарот на нашето работење. Им овозможуваме поддршка во секојдневните активности и ги поттикнуваме на професионален развој и постојано усовршување.